Објавено видео од обидот за атентат врз Мадуро

Телевизијата RT и агенцијата Ruptly објавија видео материјал на којшто се гледа реакцијата на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, неговата придружба и припадниците на неговото обезбедување веднаш по неуспешниот обид за атентат.

Претседателот држи говор посветен на проблемите во текот на закрепнувањето на националната економија, и во тој момент се слушаат звуци од екслозија. Мадуро и генералите ги вперуваат погледите кон небото. Пред шефот на државата веднаш се исречуваат телохранителите и го заштитуваат со растегливи штитови од кевлар. Мадуро потоа се обидува да продолжи, но откако изговара неколку збор престанува. Разменува неколку реченици со луѓето во неговата близина, заштитен со штитовите се оддалечува. Во тој момент се слуша уште еден звук на експлозија.

Порано во неделата министерот за комуникации и информации, Хорхе Родригез, изјави дека обидот за атентат бил извршен со дронови кои носеле експлозиви. Повредени се притоа седум притпадници од обезбедувањето на претседателот на Венецуела.

Полициски извор за локалните медиуми изјави дека снајеприст успеал да собори еден од дроновите, кој летал кон подиумот на авенијата на Боливар, каде што се наоѓал Мадуро во текот на парадата.

Венецуелскиот претседател подоцна во обраќањето до нацијата за неуспешниот обид за атентат врз него ги обвини колумбиските десничарски групации и претседателот на соседната земја, Хуан Мануел Сантос. Веднаш потоа Колумбија ги отфрли сите обвиненија на нејзина адреса.

„На венецуелското челништво веќе му стана навика да ја обвинува Колумбија за сите случувања во нивната земја. Бараме почитување за претседателот Хуан Мануел Сантос, владата и колумбискиот народ“, се вели во соопштението.

Одговорноста за обидот за атентат врз Мадуро ја презема илегалната група „Војниците на Фланелас“, којашто е поврзана со побунетиот полицаец Оскар Перез кој беше ликвидиран во текот на полициска операција во јануари 2018 година.

Кон крајот на јуни минатата 2017 година група припаднции на венецуелската специјална полиција предводени од Перез киднапираа полициски хеликоптер, од кој фрлаа гранати и стрелаа во зградит на Министерството за внатрешни работи и на Врховниот суд, објавувајќи „почеток на борбата против режимот“ на претседателот Николас Мадуро.