Облачно и доста посвежо, локални врнежи

Времето во Македонија во вторникот ќе биде облачно и свежо, на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има невреме со интензивен пороен дожд (над 30 l/m2), грмежи, силен ветер (над 70 km/h) и услови за појава на град.

Утринските температури се движат од 10 до 20, додека највисоките во текот на денот соодветено ќе бидат во опсегот меѓу 16 и 25 Целзиусови степени.

И во Скопје и околината денеска ќе биде облачно и свежо со врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе биде нестабилно со интензивен пороен дожд (над 20 l/m2), грмежи и засилен ветер. Температурата ќе достигне до 24 степени.