Облачно и посвежо, врнежи од дожд а на планините од снег

Во вторникот во Македонија ќе преовладува облачно и посвежо време со врнежи од дожд, пообилни во одредени региои а особено во јужните делови обилни.

На планините врнежите ќе бидат од снег, а особено во западните делови на некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во снег.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Врнежите ќе престануваат кон крајот на денот.

Утринските температури ќе се движат од минус 1 во западните планински области до 8 на крајниот југ од земјата. Максималните дневни соодветно ќе бидат во интервалот 5 до 12 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд кои попладне ќе престануваат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурата ќе достигне до 14 степени.