Времето во неделата во Македонија ќе биде претежо облачно и студено, со повремени врнежи од дожд а на планините од снег.
Врнежите ќе бидат пообилни попладне и во вечерните часови, кога заради заладувањето ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините снежната покривка ќе се зголеми, а снежна покривка ќе се формира и на повисоките места, особено во западните делови.
Утринските темпаратури се движат од минус 4 до 3 степени, додека максималните дневни ќе бидат во интервалот меѓу минус 1 и 9 Целзиусови степени.