
Во Македонија во саботата ќе преовладува облачно и студено време со врнежи претежно од снег. Врнежите наместа ќе бидат пообилни, особено во западните делови од земјата.
На планините ќе се формира значителна снежна покривка (над 30 сантиметри), а во пониските места од 3 до 10 сантиметри. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието.
Утринските температури се движат од минус 3 до 5, додека максималните дневни ќе бидат во интервалот од муси 2 до 8 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска ќе биде облачно и студено со врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Температурата ќе достигне до 3 степ