Во понеделникот на територијата на Македонија ќе преовладува облачно и студено време со врнежи од дожд и снег во пониските места, а на планините и повисоките места од снег.
Врнежите ќе бидат пообилни во западните и крајните источни делови каде на планините ќе се зголеми постојната снежната покривка, а помала снежна покривка ќе се формира и во некои од пониските места.
Ќе дува умерен до засилен јужен, а во текот на ноќта засилен северен ветер.
Утринските температури се движат во опсегот меѓу минус 5 и 1, додека највисокот во текот на денот соодветно ќе бидат од минус 1 до 7 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска, исто така, ќе преовладува облачно и студено време со врнежи од дожд, а во повисоките делови од котлината врнежите ќе преминат во снег, особено попладнето. Ќе дува умерен југоисточен, а во текот на ноќта повремено засилен северен ветер. Температурата преку денот ќе достигне до 5 степени.