
Времето во Македонија во средата ќе биде умерено, повремено значително облачно. Во крајните западни и крајните источни делови ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен, а во западните делови повремено засилен југозападен ветер.
Минималната утринска температура се движи во интервалот од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 18 до 26 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска ќе биде умерено облачно со слаб до умерен југозападен ветер. Минималната температура е околу 12, а максималната ќе достигне 24 Целзиусиви степени.
Според прогнозата на УХМР, во наредните денови следува период на стабилно време со благ пораст на дневната температура.