Облачно, на југот со повремен дожд

Во вторникот во Македонија ќе преовладува променливо облачно време, претпладне има појава на магла и ниска облачност по котлините. Претежно во јужните делови од земјата ќе има повремен дожд.

Температурите се сѐ уште над просечните за овој период од годината. Утринските се движат во интервалот меѓу минус 1 и 6, додека највисоките во текот на денот соодветно ќе бидат од 4 до 13 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска исто така ќе биде променливо облачно и тивко, претпладне со појава на магла и ниска облачност. Температурата ќе достигне до 11 степени.