Облачно, посвежо и нестабилно со пороен дожд, грмежи, ветер…

Oблачно, посвежо и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни локално (над 20 л/м 2 наврнат воден талог),
проследени со силни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени.

Во Скопје, облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови процесите да бидат во форма на невреме.

Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 24 степени.