Во петокот во Македонија ќе преовлдадува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни и поројни, проследени со појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.
Утринските температури се во опсегот меѓу 8 и 15, а највисоките дневни во текот на денот соодветно ќе се движат меѓу 14 и 25 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, попладне пообилни проследени со грмежи. Температурата ќе достигне до 22 степени.