Облачно со повремени локални врнежи од дожд и снег

Времето во средата во Македонија ќе биде облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Во Скопје и околината денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб северен ветер.

Температурата преку ден ќе се движи во интервал од 4 до 9 Целзиусови степени.