Облачно со повремени врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни проследени со грмежи и засилен ветер, а ќе има услови за изолирана појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 11, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 18 степени.

В петок и сабота ќе преовладува претежно стабилно и потопло време. Од недела следува период на нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи.