Во Македонија во средата ќе преовладува променливо облачно претпладне со повремени врнежи од дожд, започнувајќи од северозападните делови од земјата.
Од пладневните часови и особено од крајот на денот врнежите ќе се прошират, а понекаде ќе има појава на дожд и преку ноќта. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец кој од крајот на денот ќе се менува во северен, а на североистокот ќе засилува.
Утринските температури се во интервалот меѓу 4 и 7, а максималните дневни соодветено ќе бидат од 7 до 15 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска ќе превладува облачно со слаба утринска магла и со повремен слаб дожд. Попладне ќе дува слаб до умерен северен ветер, а температурата ќе достигне до 10 степени.