Во Македонија во средата ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд, кои на планините и повисоките места ќе бидат од снег.
Во текот на денот врнежите ќе престанат, а нови врнежи ќе има во ноќните часови кон четврток.
Утринските температури се движат од 1 до 7, додека максималните дневни соодветно ќе бидат во интервалот меѓу 3 и 11 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината, исто така, денеска ќе биде облачно, претпладне со врнежи од дожд. Темепратурата ќе достигне до 7 степени.