Облачно со снег и температура до 6 степени

Времето сќе биде променливо облачно и студено со повремени врнежи од снег, особено претпладне. Ќе дува умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до -1, а максималната ќе достигне од -2 до 6 степени.

Во Скопје, променливо облачно и студено со повремени врнежи од снег, особено претпладне. Ќе дува умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 3 степени.