Облачно со сончеви периоди, попладне локален дожд

Во Македонија во четвртокот ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови во западните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец.

Утринските температури се движат од 1 о 10, додека највисоките во текот на денот соодветно ќе бидат во интервалот меѓу 18 и 27 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денесла ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе достигне до 27 степени.