Во најголем дел од земјава времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претпладне по одделни котлини и долж Повардарието ќе има појава на магла или ниска облачност, кои преку денот делумно ќе се намалат. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Најстудено изутринавa е во Берово каде се измерени -5 степени, по што следат со -4 Прилеп, -3 Струмица и Виница, -2 Битола и -1 Тетово, Штип, Дебар и Лазарополе. Нула степени изутрина во седум часот се регистрирани во Куманово и во Маврови Анови, 1 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Гевгелија, Крива Паланка и Претор, два во Охрид, Демир Капија и Попова Шапка, три во Крушево.
Во Скопје претпладне со магла и ниска облачност, кои преку денот делумно ќе се намалат. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 9 степени.
Во наредните денови продолжува периодот на стабилно и претежно тивко време со релативно високи дневни температури. По котлините, вклучувајќи ја и Скопската, и понатаму ќе има појава на магла и ниска облачност со променлив интензитет, особено во ноќните и претпладневните часови, како и пониски дневни температури. Во среда ќе дува умерен северозападен ветер, што ќе ги намали условите за магла.