Облачно време со повремени локални врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно, а во западните делови со повремен локален дожд. Кон крајот на денот, а особено во текот на ноќта врнежите ќе се прошират насекаде и на места ќе бидат пообилни. Ќе дува засилен, повремено силен ветер, дури и над 65 километри на час, од југоисточен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 22 степени.

Во Скопје ќе биде претежно облачно, а кон крајот на денот и во текот на ноќта со врнежи од дожд, кои повремено ќе бидат пообилни. Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 20 степени.

Викендов ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и обилни со над 35 литри на квадратен метар, особено денеска во ноќните часови и утре претпладне. Дневната температура утре значително ќе опадне. Од понеделник времето ќе биде стабилно со утринска магла по одделни котлини.