Променливо облачно време со краткотраен дожд не очекува денес. Според најавите на УХМР времето денеска ќе биде променливо облачно.
Значителна облачност се очекува во западните делови со услови за слаб краткотраен дожд. По одделни котлини, особено на југоисток ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.
Утринската температура ќе се движи од нула до 10, а дневната од 12 до 18 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно, наутро со услови за магла, а преку денот ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.
Утринската температура до три степени, а дневната ќе достигне до 16 степени.
До сабота наутро по одделни котлини и по речните долини ќе има услови за појава на магла и ниска облачност, кои преку денот ќе слабеат. За време на викендот ќе започне да дува североисточен ветер и оваа промена малку ќе ги покачи утринските температури и ќе ги намали условите за појава на утринска магла.