Времето денеска во утринските часови ќе биде облачно со локален дожд, на повисоките места со дожд и снег, а на планините со снег. Ќе дува умерен северен ветер кој долж Повардарието ќе засилува.
Утринската температура ќе се движи во интервалот од минус еден степен до 7 степени Целзиусови, а дневната од шест до 13 степени Целзиусови.
Во Скопје слично време. Утринската темература се спушти до еден степен Целзиусов, а дневната ќе достигне девет степени.
Во вторник ќе има и натаму услови за сосема слабо и локално провејување на снег, температурите на воздухот значително ќе опаднат и од вторник минималните ќе се спуштаат во интервалот од минус 9 до 0 додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од минус 2 до 7 степени.
Следните денови на повисоките места и на планините ќе се формира снежна покривка која ќе изнесува од 10 до 20 цм, на планинските места и над 20 цм, локално и над 30 цм, таму пак каде што ќе има врнежи од дожд се очекува воден талог локално и над 20 л/м2. Исто така, во некои од котлините има услови и за појава на замрзнат дожд.