Облачно со магла по котлините

Денеска времето во целата земја ќе биде умерено облачно со магла по котлините. Во крајните западни делови можни се слаби врнежи од дожд, на планините слаб снег. Ќе дува претежно слаб јужен ветер.

Максималните дневни температури ќе бидат 3 во Скопје, 4 во Маврово, Охрид и Кавадарци 5, Битола -2, Крива Паланка 7, Берово 6 и Гевгелија 11 Целзиусови степени.

И за утре прогнозата е претежно облачно со локален дожд, а на планините со повремен снег. По одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб претежно јужен ветер. Дневните температури ќе се движат од 3 во Битола, 4 во Маврово, Скопје 5, Охрид 6 до 9 степени во Дојран.