Облачно време со дожд и грмежи

Времето денес ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд проследени со грмежи и засилен ветер, особено во северните и источните делови.

Утринската температура ќе се движи од 2 до 10, а дневната од 10 до 23 степени.

Во Скопје и околината слично време. Утринската температура ќе биде околу 9, а дневната ќе достигне до 19 степени.