Облачно време со локален дожд

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен северен ветер. Попладне во западните делови можен е краткотраен локален дожд.

Утринската температура ќе се движи од пет до 15, а дневната од 17 до 28 степени. УВ-вредноста ќе изнесува 6.

Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе се искачи до 26-тиот степен.

Од среда следува период на стабилно време со свежи утра, а дневната температура ќе биде во постепен пораст. Исклучок е сабота кога ќе има услови за локален дожд.