Илјадници луѓе биле евакуирани поради колабирање на обладоер во Сиднеј, Австралија, утринава.
Станарите на „Опал Тауер“ биле висок 36 ката. Исто така, властите во Сиднеј евакуирале и и станари од околните згради, во радиус од еден километар – вкупно 3.000 луѓе. Во тој дел од австралискиот град биле запрени и патничкиот и железничкиот сообраќај.
Спасувачки служби и противпожарни екипи се на терен и чекаат дозвола за влез во зградата, за да го истражат изворот на пукање и крцкање на ѕидовите на објектот.
Веднаш бил исклучен доводот на гас, струја и вода во „Опал Тауер“, објавува „Гардијан“, пренесува НетПрес.
Триесет и шесткатницата има 392 стана, деловни простории, детска градинка и друштвен центар, а чини 165 милиони долари.
„Зградата се помести меѓу еден и два милиметри. Други работи не открија ласерските монитори кои надлежните служби ги распоредија“, изјавил Филип Роџерсон, кој е дел од истражните органи.
Еден од станарите, за локалните медиуми рекол дека се чул силен тресок во објектот, а негови соседи изјавиле дека виделе пукнатини на ѕидовите меѓу 13-от и 13-от кат, како и дека се слушало крцкање.