ФОТО: Облешево доби нова детска градинка

Облешево доби нова детска градинка. Со пригодна свеченост денес во општина Чешиново-Облешево новиот објект денес беше предаден во употреба.

Со пригодна свеченост денес во општина Чешиново-Облешево новиот објект денес беше предаден во употреба
Со пригодна свеченост денес во општина Чешиново-Облешево новиот објект денес беше предаден во употреба

Оваа градинка е инвестиција на Министерството за труд и социјална политика вредна четири милиони денари, а во присуство на голем број граѓани и родители градинката ја предаде во употреба министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

Градинката во Облешево е дел од проектните активности на Министерството за труд и социјална политика за изградба на детски градинки во руралните средини. Градинката е со површина од 160 метри квадратни и во неа има две занимални, кујна и просторија за воспитувачите. Ќе згрижува 50 деца од Облешево и соседните населени места. Вкупната инвестиција, која е на Министерството за триуд и социјална поилитика изнесува 4 милиони денари, истакна Спасов.

Нови детски градинки и во Карбинци, Делчево, Оризари, Зрновци…

Покрај тоа што Облешево доби нова детска градинка, Спасов најави изградба на детски градинки и во општина Карбинци и во Делчево, како и довршување на детската градинка во населбата Оризари, крај Кочани.

Покрај ова, Спасов најави постави камен-темелник и изградба на нова детска градинка во Зрновци. Инвестиција која што ќе се реализира во соработка со локалната самоуправа од општина Зрновци.

 Ако опфатот на деца во градинки пред десетина и повеќе години беше 15 отсто денес тој е 36 отсто благодарение на изградбата на детски градинки и во руралните средини, истакна Спасов.

И децата од соседните села во новата детска градинка во Облешево

nova-gradinka-obleshevo1
Со пригодна свеченост денес во општина Чешиново-Облешево новиот објект денес беше предаден во употреба.

За градоначалникот на Чешиново-Облешево Костадин Личков, предавањето на детската градинка во употреба ќе значи опфат на децата не само од Облешево туку и од соседните села бидејќи со изградените локални патишта и населените места од општината се поврзани со општинскиот центар.

Имаме најава од соседните општини да доаѓаат дечиња во оваа градинка. Голема благодарност до Министерството за труд и социјална политика и на Владата на Република Македонија и за новите работни места што се отвораат за родителите да го имаат слободното време да ги оставаат децата овде и да бидат згрижени нивните деца, рече Личков.

Пратеникот од Собранието на Република Македонија Владимир Ѓорчев истакна дека отворањето на новите градинки е навистина голем проект на Министерството за труд и социјална политика и добро е што има такви проекти во Источна Македонија.