![363843330_316812400730682_707435333054878543_n](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/08/363843330_316812400730682_707435333054878543_n.jpg?resize=696%2C522&ssl=1)
Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски денес го посети местото каде што е поставен споменикот на херојот Горан Стојменовиќ и светиот крст во Инџиково.
Во објава на својата официјална страна на фејсбук, градоначалникот Стефковски информира дека денес се извршени активностите за обновување на споменикот на херојот Стојменовиќ и иконите на светиот крст во Инџиково кои беа оштетни од вандалски чин на Илинден.
Во својата објава Стефковски напиша:
ИСЧИСТЕН СПОМЕНИКОТ НА ХЕРОЈОТ ГОРАН СТОЈМЕНОВИЌ И ИКОНИТЕ НА СВЕТИОТ КРСТ ВО ИНЏИКОВО.
Денес се реализираа активностите за чистење на споменикот на херојот Горан Стојменовиќ кој загина во борбите во Диво Насеље и иконите на светиот крст во Инџиково.
Како што напишав на Илинден, денот кога беше извршен срамниот и вандалски чин на уништување, денес споменикот и иконите се обновени.
Како народ и држава никогаш нема да го заборавиме делото на оние кои го загубиле животот за слободата на нашата Македонија, напиша Стефковски.