Судирите меѓу милитантите на радикалното муслимански движење Талибан кои ја преземаа власта во Авганистан ио борците на Национачниот фронт на отпорот (NFR) продолжиле во неделата во северната покраина Баглан, изјавил за руската новинска агенција ТАСС извори близок до локалната милиција.
„Борбите меѓу талибаните и борците на отпорот беа обновени утрово во областа Пули Хисар во долината Андараб во Баглан. Трпејќи загуби, талибанските милитенти беа принудени да се повлечат од областа“, рекол неименуваниот соговори додавајќи дека судирите продолжуваат во текот на неделата.
Талибаните покранаа голема воена операција со цел да ги стават под своја контрола и преостанатите неколку џебови на отпор, откако на 15-ти август влегоа во авганистанската престолнина Кабул објавувајќи го преземањето на власта во земјата.
Локалните етнички милиции кои се противат на талибанскиот режим оранизираа отпор заедно со делови од разбиените поранешни владини безбедносни сили во покраината Панџшир, соседна на Баглан, предводена од локалниот челник Ахмад Масуд. Поранешниот авганистански потпрерседател Амрула Салех, исто така, се приклучи на отпорот и побара и меѓународна поддршка.
Претходно во неделата портпаролот на талибаните Забиула Муџахид повторно изјави дека борците на движењето го заземале Панџшир и оти ја контролираат целата територија на Авганистен. Со објава потоа се јави Масуд кој порача дека борбите со талибаните продолжуваат и го повика Авганистанците на национално востание против талибанскиот режим. Истовремено портпаролот на бунтовничките милиции, Али Мајсам Назари, појасни дека силите на отпорот водат тактика на герилско војување.