Над 100.000 граѓани ги преполнија скопските улици, од Градската Болница до Палома Бјанка.
Со Македонски знамиња, песни и транспаренти, граѓаните на најголемиот протест досега испратија порака дека нема да дозволат разнебитување на Македонија.
На протестот се обрати Богдан Илиевски, член на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, кој посочи дека е време еврокомесарот Хан да ги дознае аргументите и причините поради кои македонскиот народ протестира повеќе од 20 дена.