
Ќе бидат потребни десет до 15 години да се пополнат резервите со артилериска муниција на западните земји потрошена за поддршка на украинската војска во војната против Русија, соопшти соопственикот на големиот произведувач на оружје „Czechoslovak Group“ (CSG).
И покрај дотокот на муниција во Украина, сопственикот на CSG, Микал Стрнад, изјави дека на украинските сили им недостига муниција, бидејќи западните влади полека остануваат своите арсенали поради ограничување на производствените капацитети.
„Артилериската муниција денес е многу ретка стока. Проценувам дека ќе бидат потребни 10 до 15 години да се пополнат резервите“ на западните војски поради војната во Украина, додава Стрнад.
Европските влади значително ги искористиле своите арсенали за да ја поддржат Украина. Стрнад вели дека Украина истрелува 40.000 гранати седмично од неколку стотици хаубици кои ѝ ги доставиле западните земји.
„Во Украина доставуваме навистина многу. Меѓутоа, фактот дека денес Украинците пукаат помалку отколку што би можеле бидејќи немаат довволно муниција“, дадава челникот на CSG.
„Czechoslovak Group“ е главниот добавувач на модернизирано оружје од советеската ера за Украина, што вклучува тенкови, хаубици, повеќецевни ракетни лансери и оклопни борбени возила.
Во своите резерви CSG има има 90 модернизирани тенкови „Т-72“ кои ги платиле САД и Холандија. Сепак, резервите на оружје во CSG од советската ера, исто така, се намалиле и малку од тоа е погодно за модернизација и испораки во Украина останало на пазарот, истакнува Стрнад.