Најверните обожаватели на Илон Маск изработиле десет метри долг споменик посветен на нивниот херој, чија изработка чинела повеќе од 600.000 американски долари.
Уникатната статуа ја прикажува главата на најбогатиот човек на планетата поставена на телот на коза додека јава на ракета, пренесуваат медиумите.
Споменикот бил идеја на компанијата за криптовалути „Elon GOAT Token“ ($EGT), којашто планира кон крајот на ноември да го претстави и да му го подари на милијардерот на неговото работно место во Остин.
Од $EGT појасниле дека многу луѓе мислеле дека тоа нема да биде реализирано, но „по една година работа на скулптурата ќе му ја подариме на Илон“.
„Навистина само сакаме да го запознаеме типчето и да му ја подариме статуата, всушност, тој е наиновативниот човек на светот, и оттаму GOAT значи Of All Time (најголемиот на сите времиња“, велат од компанијата.
Алуминиумската глава ја изработиле канадските скулптури Кевин и Мајкл Стоун. Кевин за локаната телевизиска станица рекол дека само на изработката на главата потрошиле повеќе од 700 часови.
Од $EGT појасниле дека „на Маск му изградиле споменик вреден 600.000 долари во чест на неговите бројни остварувања и доследноста на криптовалутата“.
Споменикот на Маск би требало да му биде претставен и предаден на 26-ти ноември.