Обединувачки, со јасни и добронамерни пораки до полтичарите, со цел зачувување на унитарноста и заштитита на националните и државните интереси.
Ова се дел од коментарите на експертската јавност за годишното обраќање на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, кое наместо во Собранието, првиот човек на државата оваа година го одржа во претседателката вила на Водно.
Сметам дека говорот на претседателот Иванов беше обединувачки, затоа што испрати порака за обединивување пред се на партиите од македонскиот блок, бидејќи тука се и најголемите проблеми од каде доаѓаат и другите меѓуетнички пробелми, бидејќи некои сакаат да направат поени на тоа прашање и порча дека не е добор Македонците со Македонците да не бидат во добри односи,бидејќи сведоци сме и дека неколку пати тоа можеше да доведе и до граѓанска војна, вели за Нетпрес политичкиот аналититичар Александар Даштевски.
Што се однесува до унитарноста на државата, Даштевски вели оти тоа е уставна-категорија и дека мора да остане така, бидејќи така е уредено со Устав.
Ги спомена амандманите 4 и 5, четвртиот се однесува за службениот јазик во земјава, потенцирајќи дека тоа е македонскиот јазик и дека тоа не може да се менува без промена на Уставот на Републик Македонија, а петиот амандман се однесува на унитарноста на државата. Претседателот Иванов им порача на партиите дека тие не можат да бидат прашања на меѓупартиски договори, затоа што се уставни категории уредени со Уставот и оти со нив не може да се пазари. Оттука сметам дека се што беше изнесено во неговото годишно обраќање е во рамки на неговите ингеренции и беше кажано добронамерно и со цел што поскоро да се формира новата влада и да се определат условите за работа, односно за реформи во Македонија, што би воделе кон понатамошни евроинтеграции, потенцира Даштевски.
Претседателот Ѓорге Иванов во своето годишно обраќање меѓудругото посочи дека нема да се согласи Македонија да биде бинационална или федерална држава.
Мојот став е повеќе од јасен. Никогаш нема да се согласам Република Македонија да биде бинационална држава. Никогаш нема да се согласам Република Македонија да биде федерална држава. Се уште слушам како поедини лидери на партии јавно лицитираат со унитарниот карактер на државата, со некаква си кантонизација и федерализација, со името на државата и идентитетот на граѓаните. Тие лицитираат со државните интереси. Ќе ги потсетам дека Македонија во 1991 година се конституира како национална држава на македонскиот народ, во кој се обезбедува целосна граѓанска рамноправност и трајно сожителство на македонскиот народ со Албанците, Турците, Власите, Ромите и другите националности кои живеат во Република Македонија, порача претседателот на државата во годишното обраќање.
Недозволиво е некои лидери на парламентарни партии на преговарачка маса да ги ставаат државните интереси на Македонија, нагласи Иванов.
Во името на македонските граѓани, ги предупредувам да внимаваат што прават. Во името на македонските граѓани, им порачувам да не помислат во нивните постизборни комбинаторики да разговараат или да преговараат за државните интереси на Македонија и националните интереси на македонскиот народ, рече претседателот.
Неодговорното однесување на НАТО и на Европската унија кон Македонија неминовно се одрази на нашата внатрешна политика, оцени Иванов лоцирајќи го надворешниот фактор. Внатрешната причина тој ја посочи во долгото игнорирање и заобиколување на институциите поради што, како што рече, се влегло во стапицата на пржинскиот договор. Побара да престанеле со реториката на патриоти и предавници.
Да престанат и нападите кон дипломатските претставници. Да престанеме секогаш вината да ја бараме кај другите. Истовремено, го повторувам и повикот дипломатските претставници во вршењето на своите надлежности да внимаваат на нивните постапки и реторика и да се придржуваат до Виенските конвенции, рече Иванов.
Тој ги повика лидерствата на двете најголеми партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, да смогнат сила за да си простат и да се сплотат околу националните интереси на македонскиот народ. Ги повикувам на национално помирување, нагласи претседателот.
Очекувам од новата влада во својата програма да има два клучни приоритета:прво, заштита на државните интереси на Република Македонија, што подразбира зачувување и зацврстување на унитарниот карактер на државата. Второ, системска реформа по кризата во која ќе бидат опфатени субјектите на системот за национална безбедност на Република Македонија, рече Иванов.
Додаде дека никој нема мандат да ја прекројува државата, да го менува нејзиниот идентитет.
Никој нема мандат да го продава она за што сонувале и гинеле генерации, а тоа е слободата и независноста на Република Македонија. Република Македонија ниту е, ниту ќе се согласам да биде бинационална држава. Република Македонија ниту е, ниту ќе се согласам да биде федерална држава. Република Македонија е унитарна држава со мултуетничко, мултирелигиско и мултијазично општество, истакна Иванов.
Осврнувајќи се на изборите и постизборниот период претседателот уште еднаш им честита на граѓаните, истакнувајќи дека со распределбата на своите гласови тие всушност ги принудиле партиите да водат дијалог во институциите, но, не по цена на државните интереси.
Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ сметаат оти пораките на претседателот Иванов, дека нема да се согласи со било какво редефинирање на Република Македонија во насока на бинационална држава, кантонизирање или било кое друго редефинирање, се пораки кои што треба да стигнат до секој одговорен и совесен политичар во државата и пример затоа како се бранат националните и државни интереси.
Од претседателот Иванов очекувавме поконкретно да ја посочи одговорноста која што треба да претходи на било кое политичко или национално помирување, рече Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција што се одржа по повод годишното обраќање на претседателот на државата Ѓорге Иванов.
Во оценката на говорот се вели дека Иванов, сепак, точно и прецизно ги лоцирал проблемите со кои се соочи Македонија во 2016 година.
Пораките на Претседателот Иванов, дека нема да се согласи со било какво редефинирање на Република Македонија во насока на бинационална држава, кантонизирање или било кое друго редефинирање е пораки кои што треба да стигнат до секој одговорен и совесен политичар во државата и пример затоа како се бранат националните и државни интереси. ВМРО-ДПМНЕ во целост се согласува со ставот на Претседателот Иванов, дека е недозволиво за политички или за лични цели некој во недостаток од реална програма да тргува со националните интереси за свое користољубие, рече Милошоски.
Од партијата се согласуваат дека во интерес на сите граѓани е да се зачува унитарноста и стабилноста на Република Македонија.
Обраќањето на Претседателот Иванов беше обединувачко и помирувачко, што дефинитивно му е неопходно на македонскиот народ и на македонските граѓани, и сметаме дека неопходно на овој начин и со вакви помирувачки тонови треба да дадеме пример и на другите политичари.Сепак од Претседателот Иванов очекувавме поконкретно да ја посочи одговорноста која што треба да претходи на било кое политичко или национално помирување. Мора да биде точно лоцирана вината за насилните вандалски протести, за уништување на државен имот, за уништување на културно наследство, за уништување и деградирање на институции. И затоа треба уште еднаш ќе напоменам да се посочи точно одговорноста кој ја злоупотребува политичката позиција за тргување со националните интереси во предизборниот и во постизборниот период, истакна Милошоски.
Милошоски порача да се почитува изборната волја на граѓаните,како-и-дека ВМРО-ДПМНЕ во својот дел на одговорноста ќе направи максимално се во своја моќ да имаме стабилна, развиена и напредна Република Македонија со стабилна Влада избрана според волјата на граѓаните.
Од Социјалдемократскиот сојуз, пак, посочуваат дека нaпадите на Ѓорѓе Иванов кон мнозинството граѓани кои избрале промени, кон Специјалното јавно обвинителство, кон ЕУ, НАТО и целата меѓународна заедница, според нив, е продолжение на политиките на конфликт на неговиот ментор Никола Груевски.