По објавувањето на колумната „Девалвирано високото образование во Македонија“ во порталот НетПрес.ком.мк, со реакција на моето пишување се јавија како од академската фела, исто така и заинтересирани за образованието од повеќе аспекти како и потребата за пишување за образовниот криминал кој е присутен во образованието во Македонија.
Почитувани читатели, дозволете да Ви се заблагодарам за подршката која ми ја давате за пишувањето и отворените и искрени состојби во образованието и за нивно подобрување. Иако во повеќе наврати сум пишувал и се објавувени во мојата книга: „Македонска општествена стварност“(2022г) за сите состојби во образованието за сите потсистеми од предучилишното, основното, средното, високото образование, како и за образованието на возрасните. Во ова колумна ќе се осврнам на дел од образованието, како и потреба од нивно надминување.
Во каква финансиска состојба е МОН
Со преземањето на Власта на ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери, во секое министерство и други јавни институции прво што треба (требаше) да направат новите министри, директори да се извршат анализи во каква состојба се превземаат институциите. Од направените анализи во делот на финансиските состојби, некои министерства, институции истакнуваат дека состојбата во здравството, образованието, бизнисот, економијата е загрижувачка. Финансиските експерти истакнуваат дека има големи дупки, а некаде и кратери за одржливоста и напредокот за подобрување на развојот на бизнисот и опстој на граѓаните. Со што е потребна целосна финансиска ревизија во борбата против криминалот и корупцијата.
Најновите состојби во Министерството за образование и наука (МОН), како што изјавува министерката за образование и наука има финансиски долгови оставени од предходната Власт на ДУИ и СДСМ. Колкава е таа финансиска дупка и за што се потрошени тие средства, вработените во образованието и сите граѓани во Македонија треба да знаат во каква финасиска дупка е МОН. Дали е тоа од тендери? Дали е тоа за учебници? Дали за стипендии и друго? Ако има образовен криминал во МОН. Што е превземено. Дали се доставени кривични пријави пред органите на прогонот, односно надлежните институции: ОЈО, Управата за финасиска полиција, ДКСК, МВР и слично? На сите овие прашања одговор бараат македонските граѓани, а посебно сите вработени во образованието и оние кои се организирани синдикално! За сето ова нема никаков одговор од страна на министерката Јаневска! Треба, конкретно да се знае!Има финансиски криминал или нема! Ако има што е конкретно преземено. Се бара конкретни активности. А не да се прикриваат работите под тепих! Тоа несмее да има.
Ребалансот на Буџетот за 2024 година
Ребалансот на Буџетот за 2024 година, се изгласа во Собранието. Истиот отвора многу прашања и многу неочекувани изненадувања. „Лошата состојба во Буџетот ги надмина и нашите очекувања“, ќе истакне Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска. Затекнавме состојби која значи држава во хаос и долгови…Економијата е во клиничка смрт…Со дополнителниот ребаланс на Буџетот за 2024 година, се појави потреба да се направи надополнување во Буџетот на одредени Буџетски корисници. Како што истакнува Министерката за финансии „ Со дополнувањето кое е усвоен во Собранието се обезбедија (ги истакнувам само дел на образованието) и тоа: Инспекцискиот совет, МОН…поконкретно, со надополнувањето се обезбедуваат средства за исплати на плати како и набавки на опрема. Па така, 147 илјади денари за набавка на опрема за Инспекцискиот совет. Кај МАНУ 18,7 милиони денари за научноистражувачки проекти и 3,3 милиони за набвка на опрема. Конкретно, со ребалансот се обезбедуваат над 4 милијарди денари дополнителни средства за исплата на плати. Тоа се средства потребни за реализација на преземените обврски за зголемувањето на платите согласно потпишаните колективни договори и законски решенија кои се донесени по усвојувањето на Буџетот за 2024 година и тоа: Колективниот договор на УКИМ и измената на Законот за високо образование и научно истражувачката дејност, Усогласување со минималната плата за вработените преставува компонента на основната плата…Дополнителни 437 милиони денари за студентски оброк, како и 207 милиони денари на стипендии….истакнува министеркaта Димитриеска Кочовска.
Министерката за финансии апелира за борба против криминалот и корупцијата
Самиот факт со ребалансот на Буџетот за 2024 година, е затекната лоша состојба и државата е во хаос и долгови, економијата е во клиничка смрт, наведува да се преиспитаат сите јавни институции, министерства, агенции и други, како трошеле и зошто душмански се однесувале кон јавните добра и финансиски средства. И за се треба да име и презиме и одговорност. Секое прикривање е соучесништво на криминалот и корупцијата.
Кон недомаќинското однесување и немање никаква одговорност на предходната Власт има повеќе показатели. По мене, доволен показател е анализата на Државниот завод за ревизија на Република Македонија (ДЗР), кој покажува дека по истекувањето на важноста на Националната стратегија за вмрежување и соработка со високообразовни и стручни кадри 2013-2020 година, мерките од Стратегијата не се целосно имплементирани. Проценките од извршената анализа на ревизијата покажуваат дека во периодот 2013-2021 година, од државата просечно годишно мигрираат по околу 2500 високообразовни кадри, за кои државата просечно годишно инвестирала по околу 5 милијарди денари или вкупно за анализираниот период потрошиле 44,7 милијарди денари. Одливот на високообразовниите кадри ја чини државата 0,8% од годишниот БДП.
За ова, каков бил односот на Владата, надлежните министерства, како се трошеле парите на даночните обврзници за доделување на стипендии, невоспоставување мониторинг, на имплементација на мерките и активностите од истата, а усвојување на нови стратешки документи е без оценување и евалуација на резултатите од предходните. Новата влада и надлежните министерства тој однос треба да го менуваат и применат одговорност и отчетност, а не како до сега!.
Види повеќе: netpress.com.mk/alarmanten-gubitok-na-talenti-dali—e-se-raboti-kako-do-sega/
Владата да го разреши Одборот за акредитација (ОА) именувани од Владата на СДСМ и ДУИ
Владата да го разреши Одборот за акредитација (ОА), по член 47 став (2) алинеа (2) од ЗВО шест (6) члена именувани од Владата на СДСМ и ДУИ. Ова од причина што предходната Влада на ДУИ и СДСМ со Решение бр.2440/1 од 13.02,2024 година, ги именува (старо-нови) членови на Одборот за акредитација (ОА) професорите: Виолета Цветкоска (СДСМ), Ана Данева Маркова (СДСМ), Вангелче Митровски (СДСМ), Марјан Ѓуровски (СДСМ), Јетмире Јакупи од ДУИ ( од Одборот за евалуација, сега е именувана како член во ОА) и Билјана Цигловска Бојческа од Струшкиот универзитет на МЕРКО (СДСМ-ДУИ, Јетон Шаќири). И за нејзин претседател е именуван Марјан Ѓуровски.
Кој е Марјан Ѓуровски!
По добиени податоци од свиркачи, го повикувам Министерот за одбрана, Владо Мисајловски да провери: „ Дали Марјан Ѓуровски од Министерството за одбрана (МО) во периодот кога министер за одбрана била Славјанка Петроска од 2022-2024 година, му префрлала по 50 000 илјади денари?,Со што го оштетиле буџетот за некаде од 21.000 евра. Очекувам одговор, со цел да знае македонската јавност! И дали ќе има одговорност! Исто така, Дали Марјан Ѓуровски во периодот од 2022-2024 година, му префрлувале по 6500 денари, во периодот кога претседател на Република Македонија бил Стево Пендаровски? Како доказ за овие податоци можат да се проверат на OPEN FINANCE.
Само за потсетување
Само да ги потсетам заинтересираните читатели, дека овој „експерт“ професор Марјан Ѓуровски, како проректор на УКЛО-Битола, во периодот кога ректор на УКЛО-Битола, е Сашо Кориноски (покрај ректорот, проректори, ген.секретар и некои декани) преку Фондот за развој на универзитетот, и од она што може да се утврди од порталот „Отворени финансии“ од овие сметки (покрај другите) завршува и кај проректорот Марјан Ѓуровски-кој во 138 наврати земал пари од овој фамозен Фонд за функционален развој на УКЛО и тоа од февруари 2020 година, до април 2022 година, со вкупно 690.000МКД. По овој период именуваниот проректор Марјан Ѓуровски, со специјален конкурс се вработува како професор на Филозовскиот факултет-Скопје, на Институтот безбедност одбрана и мир.
За периодот и случаите на УКЛО-Битола, за финансискиот образовен криминал од страна на ректорската управа и некои привилигирани декани, од моја страна е поднесена подавка- Преставка до ДКСК, ОЈО, Финансиска полиција, до денес нема ништо. Како што ќе рече еден верски поранешен поглавар за короната дека е „умрено“. Јас ќе кажам, дека „Обвинителството во Битола е умрено, ќе додадам и во Македонија“!!!
Еве што сум напишал за надворешната евалуација на високообразовните институции во Македонија, неколку сегменти (Од мојата книга „Македонската општествена стварност 2022г“)
„… Министерството за образование и наука (МОН), согласно член 51 став 2 од ЗВО (Сл.весник на РМ,бр.82/2018) и Правилникот за стандарди и постапки за надворешна евалуација и самоевалуација, на порталот на МОН, објави отворен повик за избор на странски експерти за спроведување на евалуација на високообразовните институции и студиски програми, регистрирани и акредитирани во Р. Македонија. Избраните странските експерти треба да се редовни професори на акредитирани универзитети во земјата членка на Европската асоцијација за обезбедување квалитет во високото образование (European Association for Qvality Assuranc in Higher Education-ENQA). А рокот на пријавување е 18.09.2022 година.
Од МОН наведуваат дека надворешната евалуацијата ќе биде за следните научни области:
Природни науки: Математика, Комјутерски и информатички науки, Физички и Хемиски науки, Земјата и сродните науки, Биолошки науки….
Медицински и здравствени науки: Основна медицина, Клиничка медицина, Здравствени науки, Медицинска биотехнологија…
Општествени науки: Психологија и конгнитивни науки, Економија и бизнис, Образование, Социологија…
Хуманитарни науки и уметности: Историја и археологија, Јазици и литература, Филозофија, етика и религија…. Зошто надворешната евалуација не се реализираше од страна на МОН, во период кога министер беше Јетон Шаќири. Одговор нема! Но одговорот е Владата на ДУИ и СДСМ не дозволи!
Што покажа практиката ?
Практиката покажа дека во Агенцијата за квалитет во високото образование каде што е директор Агим Рушити, функционира Одборот за акредитација во високото образование со следниот состав – членови професори: Татјана Стојановска Иванова претседател, Садудин Ибраими потпретседател, Лилјана Колева-Гудева, Ќуфли Османи, Славица Рачевска, Сунчица Петровска, Никола Николов, Атанас Кочов, Блерим Саити, Владо Камбовски (поранешен претседател), Љубица Георгиевска Исмаил, Елми Јусуфи, Светлана Ристовска Антиќ. Додека во Одборот за еваулација во високото образование се професорите: Билјана Кузмановска-претседател, Јатмира Алимани Јакупи-потпретседател, Владо Матовски, Митко Младенов, Владо Гичев, Ирина Петровска, Руменка Петровска, Марина Митревска-поранешен претседател, Цвете Димитриевска, Јасмина Делчева Диздаревиќ, Јусуф Зејнели, Метуш Сулејмани, Ангел Димитров, Иван Радевски. Овие професори (запамете ги!) не си ја извршуваат законски, стручно и професионално своите надлежности. Тоа се потврдува со фактот што се и сешто се акредитира со неисполнување на условите за организирање на студиски програми и студиски програми потребни за пазарот на трудот, како и со наставен кадар…
Додека, Одборот за еваулација во високото образование, односно нивните претседатели и членови не извршиле ниедна евалуација на ниеден државен и приватен универзитет во Р.Македонија. Срамно и понижувачко однесување од овој тим!..“
Ова е невиден образовен криминал. Одговорност нема! Ќе се продолжи ли како до сега? Затоа новата Влада треба:
Владата да го разреши Одборот за евалуација именувани од Владата на СДСМ и ДУИ
Владата да го разреши Одборот за евалуација согласно член 52 став (2) алинеа(2) од ЗВО да ги разреши шесте (6) членови (старо-нови) од Одбор за евалуација на кои се именувани од поранешната Влада на ДУИ и СДСМ.
Во објавениот Службен весник на Република Македонија од 21.02.2024 година, со Решение бр.14-2442/1 од 13 февруари 2024 година, се именувани (старо-нови) членови на Одборот за евалуација (ОЕ) на високото образование членовите- професори: Боро Џонов, Татјана Стојановска Иванова активен член на СДСМ (кој и престанува мандатот како престедател на Одборот за акредитација и сега е именувана како нов член во Одборот за евалуација, „невиден партиски експерт“), Ирина Јолдеска активен член на СДСМ (ФТУ-Охрид), Христина Спасевска -ФЕИТ-Скопје, Беким Фетаји-ЈИЕ-Тетово, Ибиш Кадриу -УТ-Тетово, Јасмина Делчева Диздаревиќ-СДСМ, Јетмира Јакупи-ДУИ ( од Одборот за евалуација сега е распоредена како член во Одборот за акредитација), Метуш Сулејмани и Иван Радевски.
Зошто Владата треба да ги разреши (старо новите) членови предложени од Владата на СДСМ и ДУИ
Предлог и иницијатива за разрешување на (старо новите) членови на ОА и ОЕ предложени од Владата на СДСМ и ДУИ, треба да произлезе од Министерот за образование и наука, Весна Јаневска, до Владата на премиерот Христијан Мицкоски.
Имено, да не бидам погрешно сватен од моите читатели и академската фела дека барам партиска чистка. Основната потреба е дека неможе да се работи како до сега. Да нема одговорности. Неможе, неодговорно е Одборот за акредитација се и сешто да акредитираат, а Одборот за евалуација да не изврши евалуација, вреднување на македонските универзитети (државни и приватни) и нивните факултети, односно ништо да не се сработи. Со право е сомнежот за образовни криминали, штанцање на дипломи (додипломски, магистерски и докторски) на јавните и приватните универзитети и проблемот се лоцира на членовите на Одборот за евалуација. Срамно ама вистинито. Нашиот најдобар македонски универзитет се наоѓа на 1990 скалило од Шангајската листа. Каде се другите македонските универзитети?
Еве зошто, со факти:
Согласно Законот за високо образование (ЗВО) донесен на 8 мај 2018 година, членовите на Одборот за акредитација со нивните претседатели не си ја извршувале и извршуваат работата што е нивна надлежност и наместо да се почитува и имплементира член 48 став (1) каде што ОА е нивна работа и надлежност врз основа на начелата на стручност и непристрасност. Овие начела не се почитуваат од ОА се акредитира се и сешто, незаконито.
Еве некои примери како доказ министерке Јаневска
- Универзитетот за информатички и технолошки науки (УИНТ)-Охрид ( немаат наставен кадар согласно чл.61 став 1 алинеја 4 од ЗВО. Имаат 5 факултети, со вкупно вработени 18 наставници, 1 асистент и 1 лектор. Што е спротивно на ЗВО член 61 став4 од ЗВО, каде што секој факултет треба да има 10 редовно вработени наставници-професори, односно за сите 5 факултети треба да има 50 наставници. Како добиле акредитација. Незаконски поставени исти ректори, поднесени кривични пријави до ОЈО, незаконски и нестатутарен објавен јавен оглас за избор на ректор и други незаконитости…)
- Универзитетот „Мајка Тереза“-Скопје ( немаат наставен кадар согласно чл.61 став 1 алинеја 4, од ЗВО… Како Одборот за акредитација донеле Решение за акредитација…)
- Единици на Универзитетот Тетово-Тетово (доволно говори меѓународниот скандал на УТ-Тетово, односно на Медицинскиот факултет, кои се откриени преку истражувачката сторија и публикација на „Веритас“ по однос на разни докторати, плагијати кај одредени професори на Медицинскиот факултет, каде се наведени примери од седум лица наставен кадар на овој универзитет, диплому и друго…)
- ЈИЕ-Тетово, негови единици ( скандалот со Правниот факултет на Универзитетот, незаконито станаа обвинители, пример синот на Таљат Џафери и други)
- Приватниот ФОН Универзитет (кој го предлагаат Нано Ружин и други како Марјан Ѓуроски за нобелова награда поранешниот премиер Зоран Заев, немаат наставен кадар согласно чл.61 став 1 алинеја 4 од ЗВО, )
- Славјанскиот универзитет – Свети Николе – Битола (просветни инспектори завршуваат Правен факултет за нецели две години…)
- Американ колеџ-Скопје ( универзитетот на Пендаровски, Таче…)
- Единици на УКЛО-Битола ( ТТФ-Велес, Ветеринарниот факултет немаат наставен кадар согласно чл.61 став 1 алинеја 4 од ЗВО,)
- Приватниот Визион Универзитет-Гостивар ( нема никаква ревизија, како работаат, нека одговорат од МОН и ОА и ОЕ)
- Приватниот Европски универзитет- Скопје
- Балканскиот универзитет-Скопје…. и други универзитети и факултети.
Зошто Одборот за акредитација (ОА) согласно нивната надлежност кои се должни по член 48 став (4) од ЗВО, не го информира министерот надлежен за работите на високото образование за одобрените акредитации и за други прашања каде што треба на секои шест месеци да достави извештај за својата работа до министерството надлежно за работите на високото образование и до Националниот совет. И согласно истиот член став (5) Извештајот од ставот (4) на овој член задолжително се објавува на Веб страната на Агенцијата за квалитет на високото образование (АКВО) (проверете ја Веб страната на АКВО не функционира-срам), и на веб страната на министерството надлежно за работите на високото образование (не функционира нема никакви извештаи-срам).
Ако Одборот за акредитација (ОА) акредитира се и сешто. Одборот за евалуација (ОЕ) постои формално, односно нема евалуирано ниеден јавен ниту приватен универзитет во Република Македонија. Состојбите се катастрофални во високото образование. Нема никаква евалуација, комисиите за евалуација постојат формално, нема никакви извештаи на комисиите за евалуација на високообразовните установи на кои им е дадена акредитација и решение за почеток со работа (чл.53 став(1) точка 1 од ЗВО). Наместо оценување на квалитетот на вршењето на високообразовната дејност, научноистражувачката, уметничката и стручната работа на академскиот кадар на високообразовните установи, а посбно на нивните студиски програми најмалку на секои пет години и врз основа на тоа му предлага на Одборот за акредитација да ја продолжи или одземе акредитацијата (чл.53 став(1) точка 2 од ЗВО). Должност е на ОЕ на секои шест месеци да достават извештај за својата работа до министерството надлежно за работите на високото образованиеи до Националниот совет. Истите извештаи од работата на Одборот на евалуација не се објавени на веб страната на АКВО, ниту на страната на министерството надлежно за работите на високото образование. Зошто? Одговорот е јасен! Одборот за евалуација последниве неколку години, нема извршено никакво вреднување и оценување на ниедна високообразовна установа во Република Македонија, како на јавните исто така и на приватните универзитети. Овој одбор треба да даде отчет. Како се трошат финансиски средства? Ако се трошат? Колку пари се потрошиле? За земените парични средстав, а не се сработени, веднаш да ги вратат!. Ја повикувам министерката Весна Јаневска, да го задолжи раководителот за високо образование при МОН, Ахмед Ќазими (ДУИ) да ги провери овие наоди. И да даде одговор. Ова е образовен финансиски криминал!. Неможе повеќе како до сега!.
Зошто не ги препознаваат нашите универзитети на ENQA
Од работата на досегашното Министерството за образование и наука, повеќе министри кои раководеле не им било приоритет или незнаеле дека е неминовна потребата да се изврши надворешна евалуација-вреднување на секој универзитет во Македонија.
Ова треба да Ви биде приоритетна задача министерке Весна Јаневска, како и на вашиот раководител за високо образование во МОН, Ахмед Ќазими од ДУИ.
Ова од причини што, со надворешната евалуација кои ќе ја вршат стручни комисии избрани од Одборот за евалуација на високото образование, од кои најмалку две третини од стручната комисија ја сочинуваат професори од универзитети од земјите членки на Европското здружение за обезбедување на квалитет во високото образование (EuropeanAssociation for Qvality Assurance in Higher Education- ENQA), тие ќе го следат и оценуваат квалитетот на вршењето на високообразовната дејност, научноистражувачката, уметничката и стручната работа на академскиот кадар на високообразовните установи, а посебно на нивните студиски програми на секои пет години и врз основа на тоа му предлага на Одборот за акредитација да ја продолжи или одземе акредитацијата. Има многу зошто, има многу прашалници. Ги прашувам сите поранешни министри, зошто Одборот за евалуација во својот годишен план за работа не предвиделе и не предвидуваат надворешна евалуација на високообразовните институции. Зошто? Затоа што ќе се откријат, а и сега се откриени, дека поголем број универзитети државни и приватни и нивните факултети дадената акредитација и решение за почеток со работа е дадена спротивно на ЗВО и нивните пропишани Правилници, а со благослов на Одборот за акредитација, како и со подршка на политички властодршци во Македонија.
На потег сте министерке Весна Јаневска и вашиот раководител за високо образование во МОН, Ахмед Ќазими од ДУИ!
Неминовни промени во Академијата за квалитет на високото образование, како и на нивните Одбори за акредитација и евалуација!
Несмее да се работи како до сега! Тоа го вети Влада на премиерот Христијан Мицкоски!
Автор: Ѓорѓи Илиевски, Виш просветен инспектор во пензија за НетПрес