Обрван: Додека јас сум селектор Ангеловски нема да игра во репрезентацијата

Селекторот на македонската ракометна репрезентација Ивица Обрван, по изјавите на бекот Бранислав Ангеловски, по мечот со Исланд јасно стави до знаење дека нема намера во иднина да го повикува во националниот тим.

Ангеловски по мечот со „рибарите” отворено го критикуваше Обрван, но и трендот на давање пасоши за натурализирање на ракометари, со што предизвика бура од реакции вомакедонскатајавност.

„Секој може да каже што сака, бидејќи ова сепак е демократско општество. Ангеловски немаше ниту доблест утрово да седне да поразговара со мене, така што сега слободно можам да кажам дека тој нема да игра на утрешниот меч. Исто така, се’ додека сум јас селектор на Македонија, тој нема повеќе да биде повикуван во националниот тим“ , изјавиза интернет порталот „Екипа“, селекторот Обрван.

Хрватот додаде дека по овие случувања не е нарушена атмосферата во националниот тим во пресрет на утрешниот дуел со Шпанија.