„На вчерашните локални избори во Албанија поради неучество на опозицијата гласачите немаа можност да изберат политичка опција со што беа ограничени во правото да изберат свои кандидати. Избирачите беа под притисок од сите страни а тоа не им овозможи да гласаат мирно – се наведува во првиот извештај на наблудувачите на ОБСЕ /ОДХИР во Тирана, во врска со локалните избори кои се одржаа вчера во Албанија.
Во извештајот што го претстави на средбата со новинарите претседателката на Мисијата на ОБСЕ /ОДХИР Одри Гловер, се вели дека „политичарите во Албанија треба да работат за доброто на народот а не на милитантите, бидејки политичката криза ја носи земјата во конфузна и небезбедна состојба. „На локалните избори Албанците не гласаа слободно“, рече таа.
Единствено што е позитивно во првичниот Изваштајот е фактот што сепак изборите беа мирни. Глобер информираше дека завршниот извештај за локалните избори во Албанија ќе биде готов по 2 месеци.