ОБСЕ и ОДИХР ќе ги претстават активностите за изборите

Набљудувачката мисија за избори на Организацијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР) денеска во Скопје ќе ги претстави улогата на Мисијата и претстојните активности по повод предвремените парламентарни избори закажани за 5 јуни.

За мисијата и активностите на Мисијата ќе говори амбасадорот Јан Петерсон, шеф на Набљудувачката мисија за избори на ОБСЕ/ОДИХР.