ОБСЕ/ОДИХР – Мирен изборен ден, регистрирани наводи за поткуп

Мирен изборен ден и непречено гласање, но со наводи за поткуп на гласачи, е дел од оценката на мисијата на ОБСЕ за предвремените парламентарни избори.

Според ОБСЕ-ОДИХР, изборната кампања поминала коректно, но со негативен тон и без суштинска дебата.

„Денот на изборите помина добро. Процесот на гласање беше непречен. За мал број избирачи забележавме загриженост во врска со избирачкиот список. Имаше обиди за купување гласови, но бидејќи тоа е под истрага, ние ќе го следиме ова прашање до крај“, рече Лаима Андрикине, ОБСЕ-ОДИХР.

Претставничката на мисијата соопшти дека финалниот извештај ќе биде објавен по објавување на финалните резултати и одлучувањето по евентуалните приговори од партиите.