ОБСЕ-ОДИХР на денот на изборите ќе имаат 250 краткорочни набљудувачи на терен

Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР) со 250 краткорочни набљудувачи на денот на изборите, но и со претставници на парламентарните собранија на ОБСЕ и Советот на Европа, како и свои долгорочни набљудувачи ќе ги набљудува претстојните предвремени парламентарни избори на 12 април.

-Нашите набљудувачи ќе ја следат секоја од фазите на изборите пред, во тек, па накусо и по завршувањето на изборите. Ќе ја набљудуваат кампањата, ќе го оценат законодавството, спроведувањето на изборите со сите чинители, политичките партии и нивните преставници, граѓанскиот сектор, но и судството кое е важно за процесот на поплаки околу изборите, рече на денешната прес-конференција Тана де Зулуета, шеф на Набљудувачката мисија за избори на ОДИХР.

Таа најави дека ќе се врши мониторинг на медиумите како активност која редовно се спроведува и ги опфаќа телевизиите, печатените и онлајн медиумите. Ќе го оценуваме, рече таа и отстапеното време, но и квантитативните и квалитативните параметри.

Де Зулуета одговарајќи на прашање во врска со неодамна донесените измени на Изборниот законик посочи дека е прерано да ги коментира, но потенцира дека во нив само дел се однесуваат на препораките изминатите препораки на ОБСЕ – ОДИХР во врска со изборниот процес.

Прашана кавка порака би испратила до учениците во изборниот процес, истакна дека улогата на Мисијата не е да насочува или советува, туку да набљудува. „Потоа од тоа набљудување, ќе дадеме препораки кои треба да бидат прифатени и имплементирани“, рече.

Во врска со можноста лажните вести да влијаат на изборниот процес, Де Зулуета истакна дека тоа е проблем со кој се соочуваат сите земји и проблем нотиран во сите избори кои ги набљудувала. Тенка е линијата меѓу пропагандата и намерната манипулација на информациите, рече таа. Свеста на граѓаните и нивните одлуки, додаде Де Зулуета, зависат од квалитетот на информациите што ги добиваат.

Мисијата во земјава веќе набљудувала 18 избори, овие ќе бидат 19-ти. Ќе објави периодичен извештај за својата работа пред гласањето, а ден по изборите ќе објави прелиминарни наоди и заклучоци. Подоцна по завршување на изборите се очекува и конечен извештај во кој ќе бидат содржани препораки, кои како што рече, се надева дека ќе бидат земени предвид од властите во земјава со цел подобрување на сите натамошни изборни процеси