ОБСЕ вечерва испраќа набљудувачи во Украина

Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) вечерва ќе испрати набљудувачи за Киев, најави помошникот државен секретар на САД, Викторија Нуланд.

„Набудувачите ќе имаат задача непристрасно да ги утврдат фактите и на лице место да ја проценат ситуацијата“, изјави Нуланд во Виена, по завршувањето на заседанието на ОБСЕ посветено на Украина.

Таа изрази надеж дека набљудувачите ќе можат да заминат за Крим, каде, според неа, има најголема потреба од нив.

Претставниците на 57-те земји-челнки на ОБСЕ, меѓутоа, се уште треба да постигнат согласност во однос на испраќањето мисија на Организацијата во Украина, бидејќи Русија има резерви кон ефикасноста на ваквите мисии.

МИА