Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, ова е многу значаен проект за државата.
-Имаме многу значајни проекти во делот на здравството како што е набавката на опрема, или градбата и реновирање на болници и слично, но ова веројатно е најзначајниот затоа што овозможува стручниот кадар во Македонија да се надоградува и многу брзо да ги учи најновите методи откако тие ќе излезат во понапредни медицински центри во светот, истакна Груевски.
Оваа година, 500 лица заминаа на обука, а над 300 треба да заминат во преостанатиот дел од годината.
-Голем дел од нив заминуваат во Европа, Германија, во Англија, Италија, Словенија, Холандија, а голем дел заминаа и во САД, еден дел во Азија, во Јапонија, во Кина, но најголем дел се концентрирани во Европа, особено во Германија и во Италија. Добро е што почна да се применува овој проект. Не знам зошто во минатото не се спроведувал, од почетокот на 90-тите, ќе имавме многу повеќе методи во нашето здравство, ќе имавме многу поквалитетен медицински персонал, додаде Груевски.