Beauty&Academy, институција за козметички третмани и за едукација, на 5 април организира едукација за микронидлинг – дермапен третман, којшто се изведува со мезококтели од врвниот бренд mccosmetics® од Аестетика.
Едукатор за микронидлинг – дермапен третманот е д-р Магдалена Спасевска.
Нејзината професионалност е потврдена од многубројните студенти и едукации за естетски третмани, каде што сите естетичари кои што ги посетиле нејзините едукации продолжиле да работат и изградиле успешна кариера.
Д-р Магдалена ќе ви ги покаже најновите пристапи кон естетиката со дермапен третманот и ќе ви покаже како да пристапите индивидуално со секој клиент.
Д-р Магдалена ќе ги презентира најновите техники и протоколи за дермапен третманот.
За да бидете постојано во чекор на полето на естетската потребно е постојано да го подобрувате вашето знаење.
Овој третман дава извонредни резултати во третманот на лузни, брчки, хиперпигментација, дехидрирана кожа, ослабен тонус. Има широк спектар на ефекти и придобивки од микронидлинг, но многу е важно третманот да се изведува во строго контролирана средина и во високо хигиенски услови.
Тренингот се состои од два дела:
Теоретски дел:
-Технички каректеристики на дермапен
-Индикации
-Контраиндикации
-Предности на третманот со дермапен
-Протокол
-Промени после третманот
Практичен дел
– Начини на апликација и презентација на мезотераписки коктели кои се употребуваат при третман со дермапен од @aesthetica
-Студентите ќе имаат можност да работат на модели,обезбедени од beautyacademy.mk
По завршувањето на тренингот секој студент добива:
– Скрипта
– Сертификат од beautyacademy.mk
-Поддршка од едукаторот
Секој студент ќе стекне знаење како успешно да ги изведува третманите и да постигне одлични резултати кај своите клиенти.