Главното државно обвинителство на Германија подигна во средата обвинение против две лица коишто се сомничат дела учествувале во злосторства против човечноста на боиштата во Сирија.
Против сирискиот државјанин Алаае М. Е подигнато обвинение пред Покраинскиот суд во Франкфурт, поради соменвања дека како лекар учествувал во измачување на затвореници во затворите на власта на сирискиот претседател Башар ал-Асад.
Според наводите во обвинението, тој учествувал во мачење на 18 и убиство на еден затвореник, кој биле затворени во 2011 година во текот на бранот протести против власта во Сирија поттикнати од соседните сунитски земји на Блискиот исток и од Западот. Алаа М., наводно, како помошен лекар работел во воена билница во сирискиот град Хомс а подоцна и во главниот град Дамаск.
Обвинетиот, кој по доаѓањето во Германија во екот на мигрантската криза во Европа во 2015 година па сѐ до апсењето минатата 2020 година, работел како лекар, според обвинението меѓу другото на еден 15-годишен демонстрант му ги полеал гениталиите со алкохол и ги запалил.
Обвинет е и дека во друг случај отворени рани на еден зетвореник ги полеал со алкохол и, исто така, ги запалил. Еден затвореник по мачењето го усмртил со инјекција, се додава во обвинението.
Во средата, исто така, пред судот во Нинберг е подигнато обвинение против германската државјанка Леонора М. којашто се товари дека учестувала во злосторства против човечноста и била член на ултрарадикалната џихадистичка сунитска организација Исламска држава.
Оваа жена е обвинета дека во 2015 година како малолетничка отпатувала во Сирија во област којашто била под контрила на Исламската држава, каде што по неколку денови како трета сопруга се омажила за припадник на џихадистичкото движење.
Леонора М., исто така, е обвинета и дека заедно со сопругот држела припадници на етно-конфесионалната заедница Јазиди како робоци, и дека учествувала во нивното продавање.
Заедно со сопругот и двете нивни деца, во летото 2017 година избегала од северниот сириски град Рака, а потоа кон крајот јануари 2019 година кога Исламската држава загуби големи територии во Сирија им се предала на силите на сириските Курди. По враќањето во Германија до апсењето на 20-ти декември 2020 година, младата жена престојувала во разниу бегалски кампови. Отако била приведена по еден месец била ослободена условно од притворот, но продолжила истрагата против неа.