![ali ahmeti masa](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/11/ali-ahmeti-masa.jpg?resize=696%2C465&ssl=1)
Лидерот на ДУИ Али Ахмети добил обвинение од Специјалниот суд во Хаг, но официјалните информации сè уште не се објавени, објави порталот на албански јазик „Њуз33“.
Според порталот, Ахмети не е единствениот лидер чие обвинение е потврдено.
Хашкиот суд постапил исто и со Кадри Весели и Хашим Тачи, кој денеска поднесе оставка на функцијата претседател на Косово.
Во врска со случајот синоќа имало рација во куќата на експретседателот на Собранието на Косово, Јакуп Красниќи и други екс команданти на УЧК кои предходно беа поканети во Хаг.