Обвинение против дилер од Форино

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против 59-годишен жител на Форино кој се товари дека сторил кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

На 70ми ноември, при личен преглед на обвинетиот и при претрес во неговиот дом, кај него биле пронајдени 3,10 грама хероин, како и четири шишиња со вкупен волумен од 40 милилитри метадон, кои ги држел неовластено заради натамошна продажба.​