Американското правосудство објави во четвртокот дека ќе подигне тужби против компанија којашто ја контролира кинеската влада, една тајванска компанија и тројца тајвански државјани за обид за кражба на индустриска тајна на американскиот производител на полупроводници „Micron Technology“.
„Оваа афера и други неодамнешни случаи го покажуваат брзиот раст на кинеската индустриска шпионажа против САД“, изјави на прес-конференција американскиот главен државен обвинител и воедно министер Џеф Сешнси и најави тужби.
Компанијата „Micron Technology“, чиешто седиште е во американската сојузна држава Ајдахо, е четврти светски производител на полупроводници со пазарен удел од 20 до 25 отсто во индустријата на мемориските чипови (DRAM) и „технологијата којашто до неодамна Кинезите не ја поседуваа“, прецизираше Сешнс, проценувајќи ја штетата за американската компанија на 8,75 милијарди долари.
Обвинетите компании се кинеската државна фирма „Fujian Jinhua Integrated Circuit“ , тајванската компанија „United Microelecronics Corporations“ (UMC) и тројца тајвански државјани од кое еден е идентификуван како Чен Шенгкун, алијас Стивен Чен, поранешен директор на тајванската филијала на американската компанија под називот „ММТ“.
Според обвинението, Чен поднел оставка од функцијата во американската компанија во јули 2015 година и се приклучил на компанијата UMC. Таму договарал договор за соработка меѓу UMC и „Fujian Jinhua“ според кој со финансирање на кинеската фирма, тајванската и’ ја префрлила технологијата за DRAM на „Fujian Jinhua“ за масовно производство.
Кина ја основала „Fujian Jinhua“ во февруари 2016 година со намена за производство чипови. Владата во Пекинг тогаш вложила 37 милијарди јуани, или 5,34 милијарди американски долари, во градење производствена линија со технолошка поддршна на UMC.
Американското правосудство, исто така, најави тужба за да ги спречи двете компании да ги префрлат нивните технологии и да го спречи влегувањето на нивните производи на американска територија. Американските компани како „Micron“ се во центарот на правосудните битки меѓу САД и Кина во контекстот на трговската војна и националната безбедност.