Обвинение за кумановецот што прегази четири годишно дете

дете

Во соопштението од Обвинителството објавено денеска, воедно се посочува дека против три други лица е поднесено обвинение за насилство.

Обвинетиот на 25 јуни заедно со неговата девојка чекале ред во здравствениот дом во Куманово и се скарал со родителот на Алмир за непочитување на ред за прием во установата, по што расправијата продолжила надвор од Здравствениот дом, кога членови на семејството  Алиу го нападнале Илиќ и неговиот брат. Обвинетиот со својот автомобил марка „мерцедес“ се обидел да ги прегази мајката, таткото и 4-годишното дете, кое од здобиените повреди почина.

Братот на обвинетиот, тогаш тврдеше дека бегале од групата граѓани. Постапката се водеше како итна, а беше побарано и невро-психијатриско вештачење за пресметливоста на обвинетиот.