Обвинение за убиство на Болсонаро на 1078 страници: Бразилскиот претседател одговорен за 600.000 починати од корона

Дури 1.078 страници брои обвинението против бразилскиот претседател Жаир Болсонаро во кое народот го тужи за одговорен за смртта на 600.000 луѓе од коронавирусот, пишува Б92. Болсонаро долго време не сакаше да купи вакцини и негираше дека короната постои и покрај научните тврдења.

„Намерната и свесна“ одлука на Болсонаро да го одложи купувањето на вакцини против ковид-19 непотребно осуди илјадници луѓе на смрт, се вели во извештајот на бразилскиот Сенат и се додава дека „математиката на ситуацијата беше јасна, колку повеќе инфекции, толку повеќе смртни случаи“.

Комисијата од Сенатот ќе гласа дали да го покрене обвинението против Болсонаро следната недела.