![27625golema-701x391](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/02/27625golema-701x391.jpg?resize=600%2C335&ssl=1)
Скопското обвинителство поднесе обвиниение против скопјанецот кој на премиерот Зоран Заев му се заканувал преку Фејсбук.
– Обвинетиот во периодот од 23.07.2019 година до 24.07.2019 година во повеќе наврати извршил временски поврзани дејствија кои што претставуваат повеќекратно остварување на истото дело. Тој е обвинет дека преку информатички систем, на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук, објавил повеќе закани дека ќе стори кривично дело за кое е прошишана казна затвор од најмалку пет години.
Заканите биле упатени кон претседателот на владата на Македонија, при што во објавените коментари обвинетиот повикувал на физичка ликвидација на оштетениот и ја загрозил неговата сигурност, соопшти Обвинителството