Мажот кој е обвинет за убиството на словачкиот истражувачки новинар Јан Куцијак го призна злосторството, јавуват Словачката државна телевизија RTVS и информативните портали, повикувајќи се на полициски извори.
Минатогодишното убиство на Куцијак, како и неговата вереница Мартина Куснирова близу Братислава, предизвика масовни протести кои доведоа до оставка на премиерот Роберт Фицо.
Првично се сметаше дека тој е убиен бидејќи ги истражувал врските меѓу италијанската мафија и словачката влада. Неговата незавршена статија беше објавена по неговата смрт. Убиството на новинарот доведе до масовни демонстрации против владата и оставка на премиерот Роберт Фицо.
На почетокот од ланскиот октомври
Во прилогот на RTVS се истакнува дека полициски извори рекле дека поранешниот војник Мирослав М. го признал убиството по полициското испитурава кое траело пет часа.
Порталот aktuality.sk, за кој пишувал Куцијат за слуачите на проневерувања пари во што биле вклучени деловни луѓе повразани со политиката, по што во февраури 2018 година беше најден застрелан со вереницата во неговиот дом, цитира полициски извор кој ја дал истата информација.
Канцеларијата на специјуалниот обвинител кој го води случајот, засега немала коментар за медиумите.
Мирослав М, е едно од петте лица кои се во притвор поради обвинение за убиството на Куцијајк. Полицијата првично се сомневаше дека тој бил возач на убиецот.