Врховниот суд одлучи обвинетите од „Монструм“ да бидат пуштени на слобода.
Во соопштението стои дека обвинетите Агим Исламиловиќ, Фејзи Азири, Тахи Азири и Сами Љута им се опредуваат мерки за претпазливост, забрана да го напуштаат градот, и два пати неделно да се јавуваат во Кривичен.
Минатата недела, Врховен ја укина пресудата за „Монструм“ и го врати предметот на повторно судење во Кривичен. Но, неделава од Кривичен повротно им го вратија предметот на Врховен, за тие да одлучат да за мерките.
– Врховниот суд на Република Македонија донесе решение по предметот Вкж2 бр.3/2016, познат во јавноста како „Монструм“, со кое на обвинетите А.И., Ф.А., Х.А. и С.Љ. им се определени други мерки за претпазливост, и тоа забрана за напуштање на живеалиште односно престојувалиште, како и редовно јавување пред Основниот суд Скопје 1, два пати неделно, а обвинетите веднаш се пуштаат на слобода, соопшти попладнево Врховниот суд.
Шест лица беа осудени во „Монструм“ на казна доживотен затвор под обвинение за тероризам. На 24 ноември Врховниот суд на Република Македонија ги уважи жалбите на одбраната за случајот „Монструм“ за петкратното убиство кај Смилковското Езеро. Првостепената и второстепената пресуда за предметот се укинати и се враќаат на повторно одлучување во Кривичниот суд.
На 12 април 2012 година кај Смилковско Езеро беа убиени четири момчиња и еден рибар.