Обвинетите во случјаот „Диво насеље“ го бојкотираат судењето откако се одбиени предлозите на нивната одбрана да бидат изземени судечкиот совет на чело со судијката Верка Петковска, претседателот на Кривичниот суд Стојанче Рибарев и претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски.
Сите обвинети денеска направија циркуз во судницата кога почнаа да стануваат и да зборуваат без дозвола од судијката. Во своите искази тие велеа дека судот не сака да ја чуе вистината.
– „Неправда е ова што ни се случува две години, но денеска додека нема правда, нема да има мир“, рече Арсим Бајрами, обвинет во предметот,пренесе 24вести.
Судот даде пауза за да одлчува дали има услови да се одржи денешното рочиште.